Informations en macédonien
Како да поднесете полноважна жалба до Судот
Доколку одлучите да поднесете жалба до Судот, Ве молиме внимавајте на тоа Вашата жалба да ги исполнува условите пропишани со Правилото 47 од Деловникот на Судот во коe се наведени информациите и документите што мора да бидат доставени.
Ако не ги доставите сите информации и документи наведени во Правилото 47 §§ 1 и 2, Вашите жалбени наводи нема бидат разгледани од страна на Судот. Сите полиња на образецот за поднесување жалба мора да бидaт пополнети.
Поведување постапка (верзија на француски јазик)
Секоја полноважна жалба ќе биде разгледана од страна на Судот; ова не значи дека жалбата ќе биде прогласена за допуштена.
Заштита на податоци (верзија на француски јазик)
Како да се обратите до Судот
Oбразецот за поднесување жалба треба да го преземете од интернет страницата на Судот, да го пополните, да го испечатите и да го испратите до Судот по пошта заедно со сите неопходни документи. Не треба да користите други обрасци за поднесување жалба. Прочитајте ги документите што се наведени подолу за повеќе информации за тоа како правилно да го пополните образецот за поднесување жалба. Обрасци
Постапка пред ЕСЧП
Информација и документи за лица кои имаат жалба пред ЕСЧП
Фаза на постапката
Пребарувачот SOP (State of Proceedings/Etat de la Procedure/Фаза на постапката) му овозможува секому да дознае во која фаза на постапката се наоѓа одредена жалба.
Корисни документи
Официјални документи
Европска конвенција за заштита на човековите права
Деловник на Судот (верзија на француски јазик)
Прашања и Одговори
Вашата жалба до Европскиот суд за човекови права
Оваа брошура во која се опишани различните фази од постапката во која Судот ја разгледува жалбата има за цел да даде одговор на најважните прашања што жалителите би можеле да ги постават особено откако ќе ја испратат жалбата до Судот.
Вашата жалба до Судот - Како да поднесете жалба до Судот и како ќе биде постапувано по истата
Водич за критериумите на допуштеност

Практичниот водич на критериумите за допуштеност им е наменет пред сѐ на адвокатите коишто сакаат да поднесат жалба до Судот. Во него се опишани критериумите за допуштеност што мора да ги исполнува секоја жалба.
Дијаграм – Постапување по предметите
Во овој дијаграм е прикажан прогресот на предмет пред Судот согласно судиската формација.
Поедноставена шема за начинот на кој Судот постапува по предметите
Видео за тоа како се поднесува жалба до Судот
Во овој видео спот е објаснет начинот на кој мора да се пополни образецот за поднесување жалба за истата да биде разгледана од страна на Судот. Ве молиме имавјте предвид дека иако овој видео спот коректно ги одразува клучните точки во однос на начинот на поднесувањето жалба, некои информации треба да бидат ажурирани согласно најновите документи.
Видео 'Како да поднесете полноважна жалба до Судот' (верзија на француски јазик)
Видео за критериумите на допуштеност
Во ова видео се претставени најважните критериуми на допуштеност коишто мора да бидат исполнети за да се поднесе жалба до Судот.
Филм за Европскиот суд за човекови права
Овој филм е наменет за широката јавност и го појаснува начинот на кој работи Судот, ги опишува предизвиците со кои тој се соочува и го покажува опфатот на неговото делување преку примери од судската пракса.
Времени мерки
Во што се состојат времените мерки?
Откако ќе добие одредена жалба Судот може да побара од засегнатата држава да преземе одредени времени мерки, додека Судот да ја разгледа жалбата. Најчесто Судот бара од државата да се воздржи од спроведувањето на одредени мерки, на пример да не испорача одредено лице во земја во којашто тоа лице наводно би било изложено на смрт или тортура.
Барања за времени мерки (Практично упатство)
Судот изрекува времени мерки единствено во јасно дефинирани услови, поточно тогаш кога постои ризик да дојде до сериозна повреда на Конвенцијата. Голем дел од барањата за времени мерки се несоодветни па следствено се одбиваат.
Корисни линкови
Сите документи на македонски јазик
Судска пракса на македонски јазик
Дополнителни информации за да се избегнат можните недоразбирања
Фактички информации за времените мерки (верзија на француски јазик)
Времени мерки – Статистика (верзија на француски јазик)
Времени мерки според Договорната страна и дестинацијата (верзија на француски јазик)