Information in Macedonian

Human Rights Building

Како да поднесете полноважна жалба до Судот

Доколку одлучите да поднесете жалба до Судот, Ве молиме внимавајте на тоа Вашата жалба да ги исполнува условите пропишани со Правилото 47 од Деловникот на Судот во коe се наведени информациите и документите што мора да бидат доставени.

Ако не ги доставите сите информации и документи наведени во Правилото 47 §§ 1 и 2, Вашите жалбени наводи нема бидат разгледани од страна на Судот. Сите полиња на образецот за поднесување жалба мора да бидaт пополнети.

Правило 47

Поведување постапка (Верзија на англиски јазик)

Секоја полноважна жалба ќе биде разгледана од страна на Судот; ова не значи дека жалбата ќе биде прогласена за допуштена.

Како да се обратите до Судот

Oбразецот за поднесување жалба треба да го преземете од интернет страницата на Судот, да го пополните, да го испечатите и да го испратите до Судот по пошта заедно со сите неопходни документи. Не треба да користите други обрасци за поднесување жалба. Прочитајте ги документите што се наведени подолу за повеќе информации за тоа како правилно да го пополните образецот за поднесување жалба. За повеќе информации за тоа како правилно да го пополните образецот за поднесување жалба, Ве молиме прочитајте ги документите што се наведени во продолжение.

Обрасци

Фаза на постапката

Пребарувачот SOP (State of Proceedings/Etat de la Procedure/Фаза на постапката) му овозможува секому да дознае во која фаза на постапката се наоѓа одредена жалба.

Пребарувај

Корисни документи

Вашата жалба до Европскиот суд за човекови права

Оваа брошура во која се опишани различните фази од постапката во која Судот ја разгледува жалбата има за цел да даде одговор на најважните прашања што жалителите би можеле да ги постават особено откако ќе ја испратат жалбата до Судот.

Вашата жалба до Судот - Како да поднесете жалба до Судот и како ќе биде постапувано по истата (Верзија на англиски јазик)

Прашања и Одговори

Документот "Прашања и одговори" содржи информации за идните жалители.

Прашања и Одговори

Дијаграм – Постапување по предметите

Во овој дијаграм е прикажан прогресот на предмет пред Судот согласно судиската формација.

Поедноставена шема за начинот на кој Судот постапува по предметите

Водич за критериумите на допуштеност

Практичниот водич на критериумите за допуштеност им е наменет пред сѐ на адвокатите коишто сакаат да поднесат жалба до Судот. Во него се опишани критериумите за допуштеност што мора да ги исполнува секоја жалба.

Водич за критериумите на допуштеност

Видео за тоа како се поднесува жалба до Судот

Во овој видео спот е објаснет начинот на кој мора да се пополни образецот за поднесување жалба за истата да биде разгледана од страна на Судот. Ве молиме имавјте предвид дека иако овој видео спот коректно ги одразува клучните точки во однос на начинот на поднесувањето жалба, некои информации треба да бидат ажурирани согласно најновите документи.

Видео 'Како да поднесете полноважна жалба до Судот' (Верзија на англиски јазик)

Упатство за пополнување на образецот

Видео за критериумите на допуштеност

Admissibility - MKD

Во ова видео се претставени најважните критериуми на допуштеност коишто мора да бидат исполнети за да се поднесе жалба до Судот.

Видео за критериумите на допуштеност

Времени мерки

Во што се состојат времените мерки?

Откако ќе добие одредена жалба Судот може да побара од засегнатата држава да преземе одредени времени мерки, додека Судот да ја разгледа жалбата. Најчесто Судот бара од државата да се воздржи од спроведувањето на одредени мерки, на пример да не испорача одредено лице во земја во којашто тоа лице наводно би било изложено на смрт или тортура.

Барања за времени мерки (Практично упатство)

Општа презентација (Верзија на англиски јазик)

Практични информации

Судот изрекува времени мерки единствено во јасно дефинирани услови, поточно тогаш кога постои ризик да дојде до сериозна повреда на Конвенцијата. Голем дел од барањата за времени мерки се несоодветни па следствено се одбиваат.