Како да поднесете жалба до Судот

Образец за поднесување жалба

Како да го преземете образецот за поднесување жалба

Образец за поднесување жалба

Образецот ќе функционира непречено единствено со програмата Adobe Reader 9 или со друга понова верзија на оваа програма и е поддржан единствено од оперативните системи Windows и Mac OS X. Проверете дали програмата Adobe Reader е инсталирана на Вашиот компјутер. (Програмата Adobe Reader може да ја преземете од www.adobe.com).

1. Зачувајте една копија од образецот

  • Десен клик на линкот или иконата погоре.
  • Во зависност од прегледувачот, изберете една од ја опциите што Ви стојат на располагање “ Зачувајте го избраниот документ како” (“Save target as”), “ “ Зачувајте го линкот како” (“Save Link As”)
  • Зачувајте го образецот на Вашиот комјутер на избраната локација.

2. Пополнете го образецот

  • Отворете ја со Adobe Reader копијата на образецот што сте ја зачувале на избраната локација.
  • Пополенете го образецот и зачувајте го.
  • Откако ќе го пополните образецот, испечатете го пополнетиот образец, потпишете го и испратете го до Судот по пошта.

Испраќање на жалбите

Жалбите до Судот мора да бидат испратени по пошта на следната адреса:

The Registrar
European Court of Human Rights
Council of Europe
F-67075 Strasbourg cedex

Ве молиме имајте предвид дека испраќањето на жалба по факс веќе не го прекинува течењето на рокот од шест месеци.

Како да го пополните образецот за поднесување жалба

Судот нема да ја разгледа Вашата жалба доколку е нецелосна затоа од суштинско значење е внимателно и детално да ги пополните сите полиња на образецот за поднесување жалба.

Упатство за пополнување на образецот

Групни жалби

Доколку има повеќе од пет жалители, покрај образецот за поднесување жалба и документите, застапникот треба да достави табела во која треба да бидат наведени бараните детали за идентификација на секој жалител, пример на таква табела може да најдете на интернет страницата на Судот (види www.echr.coe.int/applicants).

Додавка за жалби поднесени од повеќе жалители

Образец за полномошно

Како да го преземете образецот за полномошно

Образец за полномошно

Образецот ќе функционира непречено единствено со програмата Adobe Reader 9 или со друга понова верзија на оваа програма и е поддржан единствено од оперативните системи Windows и Mac OS X. Проверете дали програмата Adobe Reader е инсталирана на Вашиот компјутер. (Програмата Adobe Reader може да ја преземете од www.adobe.com).

1. Зачувајте една копија од образецот

  • Десен клик на линкот или иконата погоре.
  • Во зависност од прегледувачот, изберете една од ја опциите што Ви стојат на располагање “ Зачувајте го избраниот документ како” (“Save target as”), “ “ Зачувајте го линкот како” (“Save Link As”)
  • Зачувајте го образецот на Вашиот комјутер на избраната локација.

2. Пополнете го образецот

  • Отворете ја со Adobe Reader копијата на образецот што сте ја зачувале на избраната локација.
  • Пополенете го образецот и зачувајте го.
  • Откако ќе го пополните образецот, испечатете го пополнетиот образец, потпишете го и испратете го до Судот по пошта.

Кога да го користите образецот за полномошно

Овој образец за полномошно треба да се користи единствено доколку жалителот немал застапник во моментот кога го пополнувал образецот за поднесување жалба, или доколку жалителот сака да го смени застапникот кој е наведен во образецот за поднесување жалба што веќе го доставил до Судот.